Редовна седница на Влада

Владата денеска на редовна седница ќе расправа и одлучува за информации, договори, закони и извештаи од повеќе области, економија, здравство, образование, култура…
Владиниот кабинет треба да разгледа информација за Акцискиот план за Регионална економска област и за формирање Координативно тело за градење и спроведување на Регионалната економска област во Западен Балкан, со предлог–одлука и предлог–решение за планот.
Министерството за економија пред министрите ќе го презентира извештајот за извршени преговори со усогласен текст на Договорот за економска соработка помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, а Министерството за здравство ќе информира за извршените преговори за склучување на План за соработка помеѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за здравство на Република Бугарија, најави владината прес-служба.
На седницата треба да се разгледаат и информацијата за можноста за вршење периодични здравствени прегледи од здравствени работници ангажирани од Министерство за здравство на корисниците во Дневните центри за деца и лица со пречки во развојот и Предлог-законот за дополнување на Законот за ученичкиот стандард.
Министерството за култура ќе презентира информација за потребата од основање нова национална установа „Гостиварски театар“ – Гостивар, а членовите на Владата ќе го разгледаат и полугодишниот извештај за работа на Агенцијата за филм на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
