Речиси 500 мигранти за два дена биле откриени во близина на грчкиот остров Крит

Со помош на беспилотно летало на силите на ФРОНТЕКС рано утрово во четири одделни случаи во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит биле откриени вкупно 257 мигранти во четири чамци, а сите безбедно биле префрлени на пристаниште, јави дописничката на МИА од Атина.
Во изминатиот период зголемен е бројот на чамци со мигранти по т.н. јужна рута односно во морскиот дел јужно од Крит и малиот остров Гавдос, а од вчера наутро, заклучно со претпладнево биле спасени 494 мигранти.
Утрово, биле регистрирани четири одвоени случаи со четири чамци, на кои имало 71, 70, 77 и 39 лица, а слични се и бројките од вчера, но и во претходните денови.
Според извори од Министерството за миграција и азил на Грција на Крит веќе функционира центар за привремен престој во Ханија, а одредена е локацијата и се во тек завршните неопходни работи за функционирање на втора структура во градот Ираклио.
Паралелно, за идентификацијата, скринингот и непосредната контрола на граничната постапка, дел од мигрантите кои пристигнуваат на Крит, се префрлаат во постоечките центри на островите Самос и Лезбос, каде што исполнетоста, според истите извори е на историски најниско ниво, а престојот на мигрантите во овие структури е привремен.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
