Реал Мадрид со пресврт до трофеј во Супер купот на УЕФА
Европскиот шампион Реал Мадрид успеа да го освои Супер купот на УЕФА откако синоќа по продолжение ја совлада Севиља со 3:2. Решавачкиот гол во 119.минута го постигна Карвахал. Реал Мадрид третпат го освојува пехарот во ова натпреварување, додека Севиља третпат по ред е поразен во овој натпревар.
Реал Мадрид прв дојде во водство со голот на Марко Асенсио во 21.минута, а изедначи Франко Васкез во 41.минута. Севиља поведе во 72.минута со голот од пенал на Евгени Конопљанка, откако фаул направи капитенот на Реал, Серхио Рамос. Токму Рамос со голот во судиското надополнување на вториот дел (90+3 минута) успеа да изедначи и да се избори за продолжение, во кое победничкиот гол го постигна Карвахал.
Следното изнадие на Супер купот на УЕФА во август 2017 година ќе се игра на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата