-->
-->
Реал Мадрид се вклучува во трката за Вирц
-->
Фудбалерот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, може да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесува „AS“.
Според шпанскиот спортски портал, Реал Мадрид е заинтересиран за 22-годишниот Германец. Клубот од Мадрид се вклучи во трката за играчот откако Чаби Алонсо, кој работеше со играчот од средниот ред во германскиот клуб, стана нов тренер.
Актуелниот договор на Вирц со Баер е до 30 јуни 2027 година.
„Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 140 милиони евра.
Во сезоната 2024/25, Вирц постигна 16 гола и 15 асистенции на 45 натпревари за Баер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба