Реакцијата на Радев спротивна на основниот принцип за немешање во внатрешните работи на друга држав, став на Пендаровски

Крајно невообичаено и секако надвор од внатрешите процедури на Алијансата е претседател на една земја-членка на НАТО да ги повикува своите служби за безбедност да реагираат за наводно кршење на правата на граѓаните во друга-земја членка на НАТО, е став на претседателот Стево Пендаровски во однос на последните случувања во Бугарија со претседателот Румен Радев, а кои се однесуваат на македонско-бугарските односи.
Реакцијата на бугарскиот претседател е спротивна на основниот принцип во меѓународната политика за немешање во внатрешните работи на друга држава, е ставот на Пендаровски, наведуваат од неговиот кабинет.
Кабинетот на шефот на државата нагласува дека до овој момент Пендаровски нема добиено ниту една информација од надлежните институции за кршење на човековите слободи и права на македонските граѓани, само затоа што ја декларирале својата етничка припадност.
-Како држава кандидат за членство во ЕУ ние сме со години под редовен мониторинг на Брисел, но ниту во последниот годишен извештај за напредокот на ЕУ не се регистрирани такви случаи, велат од кабинетот на Пендаровски.
Бугарскиот претседател Румен Радев вчера на средбата со шефовите на бугарските специјални служби побара да се преземат навремени мерки за адекватна заштита на правата на бугарските граѓани надвор од Бугарија, кои се изложени на напади само поради нивната национална самосвест, јави дописникот на МИА од Софија.
Повод за средбата е писмото кое бугарскиот Кабинет на претседателот го добило од Културниот центар „Иван Михајлов“ – Битола и од други граѓани на Македонија кои се определуваат како локални Бугари и поради, како што се наведува во соопштението, зачестените појави на повреда на нивните права само поради фактот што се определуваат како етнички Бугари.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
