Реакција на Драган Ковачки на изнесените ставови на Димитар Ковачевски
![]()
Господине Ковачевски, не се обидувајте со дефокусирате.
Одговорете кратко и јасно:
Дали ЛАЖЕВТЕ за да не одите војска или навистина сте ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН?
Според тоа што објавувате, не може да се заклучи дали сте лажеле или сте биле трајно неспособен.
Ако требало да правите интервенција, тогаш ќе Ви даделе дијагноза ВРЕМЕНО неспособен и ќе Ве побарале после одреден период на ре-оценување.
Но, Вие сте приложиле документ со кој сте “Трајно Неспособен” и со таа дијагноза сте избегнале да служите војска тогаш кога државата Ве побарала.
Провидно!
Вие сте се криеле тогаш кога луѓе гинеле за државата која Ви ја оставија на тацна за да Вие денес си играте Премиер на државата.
#Оставка!
П.С.
Од Вашата партија и Вашиот портпарол Дарко Каевски очекувам извинување во законски предвидениот рок заради тоа што ме нарекувате воен дезертер.
Во спротивно, ќе покренам тужба, а парите од пресудата ќе ги донирам за децата на бранителите кои загинаа додека Вие се криевте и лажиравте.
Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ана Михајлов, директорка на Националната агенција за европски образовни програми
-

Од Македонија до Солун со лажен товар – „Вардарис“ разоткри меѓународен шверц на дрога
-

Мицкоски: Инфлацијата меѓу најниските во регионот
-

Пожарот во Зелениково наврме локализиран, спречена опасноста да зафати куќи и викендици
-

Мицкоски: Истрагата за водата во Гостивар може ќе открие и други одговорни во случајот
-

СДСМ обвинува за притисок врз директори
-

Европа бара свои суровини, Македонија се уште чека на нови рударски инвестиции
-

Охридските пчелари со загуби поради климатските промени
