Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски
– Парите за набавката на новите електрични автобуси ги нема во буџетот се до почетокот на исплатата на првата рата која е предвидена да биде во 2028 година, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашање од пратеничката Сања Лукаревска до каде е набавката за електрични автобуси.
Мицкоски на седницата за пратенички прашања посочи дека парите за набавка нема да се видат во новиот буџет, туку, како што рече, тие ќе бидат во предвидени во полугодишните рати за февруари-март 2028 година.
– Затоа што условот е грејс период и заради анализата на пазарот. За тогаш е планирана првата од осумте полугодишни рати, која ќе доспее дури тогаш.
Тогаш ќе се набавуваат 100 до 120 електрични автобуси, со 50 полначи. Поголемиот дел ќе бидат за Скопје, а останатите за градовите во кои има организиран јавен превоз, одговори Мицкоски.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини