Расте бројот на жртви по руските напади во Украина

Бројот на жртвите во рускиот воздушен напад врз Харков во текот на ноќта се искачи на десет лица, со што вкупниот број загинати во вчерашните масирани бомбардирања низ Украина достигна 12, соопштија локалните власти.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, потврди дека спасувачките екипи извлекле тело на десетта жртва од под урнатините на погодена петкатница во центарот на градот. Меѓу загинатите се наставничка и нејзиниот мал син, како и уште една мајка со дете во тинејџерска возраст. Повредени се и три деца на возраст од 6 до 17 години.
Напади со жртви се регистрирани и во Днепропетровската и Сумската област, каде 24-годишен маж бил убиен во неговиот автомобил. Обласниот гувернер Олег Григоров ги обвини руските сили дека намерно таргетираат цивилни возила. Иако локалните власти јавуваат за погодени станбени објекти и повредено новороденче во Запорожје, Русија тврди дека нападите биле насочени исклучиво кон „воени цели“ и дека нејзините сили собориле 124 украински дронови во текот на истата ноќ
МИА
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
