Рангник: Јас сум повеќе од среќен и позитивно изненаден
Генерално, сум повеќе од среќен и позитивно изненаден од физичката состојба на играчите и интензитетот на играта. Првиот половина час беше навистина добар. Нашето темпо беше со доста висок интензитет, изјави привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, кој вчера дебитираше на клупата на „црвените ѓаволи“.
За вчерашниот натпревар од 15-тото коло од Премиер Лигата во кој Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ го совлада Кристал Палас со 1-0, Рангник изјави дека единствено нешто што недостасуваше во првиот половина час е да постигнат еден до три голови.
– Единствено нешто што недостасуваше во овој половина час е да постигнеме еден или два-три гола. Но, за мене е јасно дека не можеш да ја играш целата игра, 90 минути со овој интензитет. Нејсе, и потоа, ние имавме контрола на играта, во второто полувреме започнавме исто добро и на крајот заслуживме да победиме, кажа Рангник.
Тој посочи дека мора да признае дека е позитивно изненаден, не само од добрата игра, туку имајќи ги предвид сите фактори, како недоволното време за одмор по последниот меч и лошото време за тренинг.
Рангник изјави дека за него изгледало логично да не менува многу работи по победата со Арсенал.
Рангник останува на клупата на „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната, а потоа останува во клубот како консултант за трансфери.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден