Рама: Самитот не е место за решавање на билатерални конфликти
На заедничката прес-конференција, претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен и премиерот Еди Рама изјавија дека на Самитот на Берлинскиот процес што ќе се одржи утре, нема да има став за прашањето за Косово и Србија, додека Фон Дер Лејен додаде дека овие две држави треба да седнат на масата за дијалог со посредство на ЕУ.
Охридскиот договор е основа, темел за помирување преку дијалог со посредство на ЕУ. Многу е важно Косово и Србија да се вратат на масата на дијалог за нормализирање на односите. Ова е вистинскиот пат за иднината бидејќи Косово и Србија ќе бидат дел од ЕУ а за се постигне тоа неопходен е дијалог, изјави Лајен.
Според Рама, Берлинскиот процес е поврзан со континуирана промоција на сите земји од регионот кон четирите слободи на ЕУ, движењето на луѓе, стоки, капитал и услуги.
Овој процес не е место за решавање на билатерални прашања. Но, во програмата на Самитот работниот ручек на лидерите ќе биде посветен и на меѓусоседските односи во регионот. Просторот за дискусија меѓу присутните е програмиран, но тоа не е Самит кој се обврзува да најде решенија за проблемите кои се решаваат под капата на ЕУ, рече Рама.
Во однос на одржувањето на Самитот токму во неговата земја, Рама рече дека „тоа не прави горди и ни дава можност да го искажеме нашето задоволство и да го покажеме албанското гостопримство, кое верувам дека доколку имаше натпревар во Европа достоинствено би се стремеле кон првото место“.
Ново на Сител
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
