Рама: Руското влијание во Албанија не е тајна

Руското влијание во Албанија не е никаква тајна, бидејќи Русија не е подржувач на проширувањето на ЕУ, одговори на новинарско прашање претседателот на албанската Влада, Еди Рама на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, во врска со информациите дека албанската обединета опозиција има подршка од Москва.
– Русија не е земја обожавач на ЕУ и на проширувањето на ЕУ и природно не може да има поддршка за европскиот напредок на некоја од земјите од Западен Балкан. Ова не е тајна. Ние имаме национална агенда чија главна цел е да се обединиме со европското семејство, изјави Рама.
Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија (ПД), Љуљзим Баша, претходно, ги отфрли тврдењата дека обединетата опозиција има подршка од Москва за одлуката да се откаже од пратеничките мандати и масовните антивладини протести.
Баша нагласи дека оние што ги пласираат ваквите измислици „се од времето на Енвер Хоџа“, додавајќи дека тој е „најпроевропскиот политичар што Албанија го има денес“.
Ново на Сител
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
