Рама: Оптимист сум за Балканот, особено ако успееме да влеземе под чадорот на ЕУ
Оптимизам за регионот, особено, како што вели, ако успее да се интегрира во Европската Унија, изразува премиерот на Албанија Еди Рама за грчкиот весник „Катимерини“.
Говорејќи за Балканот потенцира дека е позната изреката дека во регионот произведуваме повеќе историја отколку што можеме да консумираме, но истакнува дека сепак, и покрај сите проблеми, постои меѓусебна солидарност и помош.
-Оптимист сум за Балканот, особено ако успееме да соработуваме меѓу себе и особено ако влеземе под чадорот на ЕУ. Секако, ние Балканците ги имаме нашите прашања, нашите несогласувања, правиме трикови. Но, ние сме такви. Во спротивно ќе бевме Бенелукс, истакнува Рама.
Посочува дека неговата баба велела дека „колку е посреќен соседот, толку е посреќна твојата куќа“ и додава дека во регионот „се караме, не се согласуваме, но ако дојде до катастрофа, соседот прв ќе ја почувствува и ќе дојде да помогне и народите го знаат ова“.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите