Ракетен напад во Јемен, 17 загинати

Јеменските бунтовници Хути истрелаа балистичка ракета во градот Мариб, контролиран од владата, при што загинаа најмалку 17 лица. Меѓу нив е и петгодишно девојче, соопштија официјални извори.
Ракетата погоди бензинска пумпа во областа Равда во Мариб и сите жртви се цивили, изјави претставник на локалниот гувернер.
Десетици луѓе беа ранети во експлозијата на ракетата, а никој од седиштето на бунтовниците досега не се огласил.
Новинската агенција САБА јави дека кратко време по ракетниот напад, бунтовниците Хути испратиле дрон со експлозив што уништил две амбулантни возила кои се движеле кон местото на експлозијата за да им помогнат на повредените.
Американскиот претставник во Јемен, Тим Линдеркинг го осуди нападот на бунтовниците и оцени дека ја пропуштиле можноста за постигнување мир во оваа земја.
Тој ги обвини Хутите дека имаат најголема одговорност за продолжување на седумгодишниот конфликт, кој „нанесе неописливо страдање на народот во Јемен“ и ги повика сите актери во конфликтот да ја прифатат „значајната регионална и меѓународна поддршка“ за мировниот план на ОН.
Во граѓанската војна во Јемен од 2014 година се убиени повеќе од 130.000 лица, а земјата се наоѓа во една од најтешките хуманитарни кризи во светот.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
