Рахој: Референдумот за независност на Каталонија е потсмевање на демократијата
Нелегалниот референдум за независност на Каталонија претставува „потсмевање на суштината на демократијата“, изјави вечерва шпанскиот премиер Маријано Рахој.
Како што јави ДПА, Рахој оцени дека во Каталонија денеска немало гласање за независност на овој шпански автономен референдум.
- Реферндумот беше стратегија против законот и демократијата, додаде шпанскиот премиер, обвинувајќи ги каталонските регионални лидери дека го организирале референдумот, иако тој бил нелегитимен.
Рахој апелираше до регионалната Влада на Каталонија „да се откаже од патот, кој не води никаде“ и ги повика сите шпански парламентарни партии на средба на која ќе се разговара за иднината на Шпанија по денешниот референдум.
Тој истакна дека Каталонците биле измамени со денешното гласање, додавајќи оти мнозинството од жителите на Каталонија не сакале да учествуваат на референдумот.
Рахој воедно им се заблагодари на припадниците на националната полиција и на Цивилната гарда за нивните денешни акции во Каталонија, оценувајќи дека тие дејствувале „решително и мирно“.
Шпанската полиција денеска употреби гумени куршуми во обид да ги затвори гласачките места во Каталонија, каде илјадници луѓе излегоа да се изјаснат на референдумот за независност.
Во меѓувреме, шпанскиот министер за надворешни работи Алфонсо Дастис оцени дека полициските акции за попречување на референдумот „биле жални и непријатни, но соодветни“.
Тој оцени дека за насилството исклучиво се одговорни каталонските власти.
- Ако луѓето упорно не ги почитуваат законите и работат нешто што системски е прогласено за незаконско и неуставно, полицијата мора да го почитува законот, рече Дастис.
Каталонските власти вечерва соопштија дека според последните податоци, при полициските акции за попречување на референдумот се повредени најмалку 761 лице.
Во меѓу време, како и што беше најавено, гласачките места за референдумот беа затворени во 20 часот и започнато е пребројување на гласачките ливчиња,
Според локалните медиуми, купчињата од ливчиња на кои е заокружено „да“ за независна Каталонија се „многу поголеми“ од оние со „не“.
Ново на Сител
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга
-
Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо
-
Партиите бараат од граѓаните масовно да излезат на гласање на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека би формирала влада со Вреди
-
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата
-
Учениците на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Блинкен во посета на Саудиска Арабија, Јордан и Израел