Радев: Ќе ги обезбедам сите услови за да има време за дијалог меѓу партиите
Претседателот на Бугарија, Румен Радев најави дека на парламентарните партии ќе им ги обезбеди сите услови според Уставот, за да имаат доволно време за дијалог и разговори за формирање стабилно мнозинство за формирање влада на државата.
Радев идната недела по разговорите со партиите ќе соопшти кога ќе го свика 48. Народно собрание на Бугарија.
„Сега не е време за малодушност и за теснопартиски калкулации. На Бугарија и треба работен парламент, бидејќи на него почива нашиот уставен модел на управување. Време е да преземеме одговорност и за политичка храброст“, рече Румен Радев.
Тој посочи дека резултатот од изборите не дава можност лесно да се коалицира, но луѓето очекуваат дијалог, разбирање, разум и изнаоѓање заеднички решенија и интереси, бидејќи на Бугарија и треба функционален парламент и стабилна влада.
„И овие избори, за жал, не успеаја да го прекинат трендот на отуѓување од партиите и од власта“, рече тој.
Она што е позагрижувачки, според неговите зборови, е што „подигнувањето нови црвени линии и барањето на сите можни причини за одбивање на коалициите го издаваат стравот партиите да преземат одговорност за управувањето во зима“.
Според Радев, преодната влада за само два месеци изградила стабилна основа, од која следната редовна влада би требало да може да ја води земјата во текот на зимата без посебни потешкотии.
Шефот на бугарската држава денеска заминува за Прага за да ја претставува на првиот самит во формат „Европска политичка заедница“, обединувајќи 44 земји, јави БТА.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети