Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат

Бугарија спроведува заедничка операција 70 милји (112 км) источно од градот Бјала во бугарската ексклузивна економска зона на Црното Море, објави бугарскиот премиер Румен Радев.
- Околу 3 часот утрово (по локално време), два комерцијални брода беа нападнати од беспилотни летала – поморски и воздушен. И двата брода беа оштетени, истакна Радев, јави БТА.
- Тоа е апсолутно неприфатлив напад во ексклузивната економска зона на Бугарија. Апсолутно грубо кршење на меѓународното право и поморското право, рече Радев. Тој нагласи дека она што се случува ја отежнува пловидбата во Црното Море.
Радев свика состанок со претставници на институциите во врска со инцидентот со двата брода погодени од беспилотни летала во бугарската економска зона во Црното Море.
Два трговски брода беа погодени од дронови денеска во ексклузивната економска зона на Бугарија во Црното Море, од кои едниот потона, соопштија бугарските власти.
- Екипажот на потонатиот брод е исчезнат, изјави Румен Николов, директор на координативниот центар за поморско спасување во Варна, додека екипажот на другиот брод е спасен. Во тек е спасувачка операција.
Специјализираната веб-страница Maritime.bg наведува дека бродот под знамето на Того претрпел значителна штета пред да потоне, додавајќи дека избувнал пожар на бродот под знамето на Палау, чии 18 членови на екипажот биле евакуирани со бугарски ферибот.
Инцидентот се случил еден ден по нападот врз турски товарен брод „Ројад Мамадов“ во ексклузивната економска зона на Романија, во кој загинаа двајца членови на екипажот, а 11 беа спасени.
МИА
Ново на Сител
-

Истрагата за бегството на Ива Михаилова ќе биде презентирана пред НАТО
-

Пола милион за две фирми преку спорни тендери во УХМР, кривична за екс директорот
-

Жителите на Брвеница во недела ќе гласаат за нов градоначалник: Во трката се шест кандидати
-

Македонците јадат безбедна храна - тврди директорот на АХВ
-

Монтеко со две платинести и една сребрена награда во Белград
-

Вакцинацијата против грип ќе стартува следната недела - приоритетните ќе ги утврдува Комисијата за имунизација
-

Диспензирање на терапијата за мултиплрекс склероза
-

Проширувањето на ЕУ во сенка - Зеленски го превзема фокусот на состанокот на Европскиот совет
