Работилница за резултатите од проектот за енергетската ефикасност

Работилницата за споделување на резултатите и искуствата од проектот за промоција на енергетската ефикасност во Македонија ќе се одржи денеска во организација на Консалтинг за стратешки развој во соработка со Светска банка и Агенцијата за енергетика на Република Македонија.
Во изминатите 18 месеци, преку грант финансиран од Светска банка, Радовиш, Старо Нагоричане, Новаци, Кавадарци, Пехчево, Брвеница, Лозово и Росоман добија техничка поддршка за изработка на различни документи кои се важни за енергетската ефикасност на општините. Искуствата од тој процес, како и предизвиците со кои се соочиле, најави организаторот, ќе бидат споделени на осум вакви работилници, што ќе се одржат во секој од планските региони.
На работилницата се очекува да присуствуваат градоначалниците на општините од Скопскиот Регион, вработени во општинската администрација, граѓански организации, бизнис заедница и граѓани.
Свои излагања ќе имаат претставници од Светска банка, од Агенцијата за енергетика на РМ, градоначалници од општините, каде е реализиран проектот и претставници на имплементаторите.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
