Путин задоволен од резултатите од руско-американските преговори во Ријад

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека бил информиран за заклучоците од руско-американските преговори во Саудиска Арабија и дека е задоволен од резултатите.
-Да, информиран сум. Високо ги оценувам. Има резултати – рече Путин и додаде дека Украина нема да биде исклучена од преговорите за завршување на војната.
Путин ја определи атмосферата на руско-американските преговори во Ријад како „добронамерна“ и особено ја истакна отвореноста на американската делегација.
-Без зголемување на нивото на доверба меѓу Русија и САД, невозможно е да се решат многу прашања, вклучително и кризата во Украина – рече рускиот претседател во својата прва изјава вчера по средбата во Ријад.
-Целта на оваа средба беше токму зголемување на довербата меѓу Русија и САД – посочи тој.
Украина и европските влади не беа поканети на разговорите во главниот град на Саудиска Арабија, што ги поттикна нивните стравови дека Русија и САД би можеле да постигнат договор што ги занемарува нивните витални интереси. Но, Путин рече дека Русија никогаш не ја отфрлила можноста за разговори со Европејците или со Киев, а токму тие одбија да разговараат со Москва, забележуваат агенциите.
-Никому ништо не наметнуваме. Подготвени сме, веќе стотина пати кажав, ако сакаат нека се одржат овие преговори. И ние ќе бидеме подготвени да се вратиме на преговарачка маса – рече тој.
-Никој не ја исклучува Украина – додаде Путин, истакнувајќи дека затоа нема потреба да се реагира „хистерично“ кон САД и Русија.
Рускиот претседател додаде дека со задоволство би се сретнал со неговиот американски колега Доналд Трамп.
-Но, ние сме во таква ситуација што не е доволно да се состанеме за да пиеме чај и кафе, да седиме и да разговараме за иднината. Треба нашите тимови да ги подготват прашањата кои се исклучително важни како за САД и за Русија, така и за Украина, за да дојдеме до решенија што се прифатливи за двете страни – заклучи Путин.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
