-->
-->
Путин си ја отвори душата пред камерите: Моите родители живееа од плата до плата, а понекогаш мораа да позајмуваат пари!
-->
Рускиот претседател Владимир Путин денеска беше дел од јубилејното издание на ТВ дневникот и во него изјави дека пред 50 години неговите родители понекогаш морале да позајмуваат пари од други луѓе."Ние не бевме богати, но имавме телевизија, како и нашите соседи. Моите родители живееја од плата до плата, а понекогаш и позајмуваа пари од други луѓе, но тие можеа да си дозволат да купат телевизор", рече Путин во гостувањето на Првиот канал Руската државна телевизија, на која пред 50 години се емитувал првиот ТВ дневник.
Путин додаде дека членовите на неговото семејство не се собираат често за да гледаат телевизија.
"Мајка ми навиваше за советскиот тим и се сеќавам дека ние обично го гледавме заедно", рече Путин.
На прашањето кое случување и вест на него оставило најголем впечаток за време на изминатите 50 години, шефот на рускта држава одговорил: Го издвојувам појавувањето на суперсоничниот цивелен авион Tu-144 на руското небо.
Но исто така тој за време на гостувањето признавал дека порано ги одбегнувал новинарите, но и дека најтешко му било шминкањето пред секое интервју.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
