Путин: САД сакаат да ги искористат терористите за соборување на Асад
САД сакаат да го искористат борбениот потенцијал на терористичките организации и екстремистите, посебно во Сирија, за да го соборат претседателот Башар ал-Асад и неговата влада, вчера за францускиот канал ТФ1 изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Путин додаде дека САД не сфаќаат дека подоцна ќе биде невозможно да ги вратат во нормалните текови, да живеат како цивилизирани луѓе.
-САД ги потценуваат последиците од мешањето со терористите и нивното користење за постигнување национални политички цели, додаде тој, а пренесе ТАСС.
Путин наведе дека сегашната ситуација во Алепо е под контрола на терористичката организација „Џабхат ал Нусра“ која е забранета во Русија, и додаде „дека растажува и чуди што нашите партнери во Вашингтон се обидуваат оваа организација да ја извлечат надвор од рамката на терористички организации“.
Рускиот лидер, исто така, додаде дека Западот е одговорен за војната во Сирија, со тоа што го поттикнува растот на радикалниот ислам, пренесуваат британските медиуми.
-Длабоко сум уверен дека нашите западни партнери, а особено САД, се одговорни за ситуацијата во регионот воопшто и особено во Сирија, наведе Путин.
Француските и американските обвинувања дека Русија сторила воени злосторства во Сирија тој ги оцени како обична реторика.
-Тоа е политичка реторика која нема многу смисла и не ја зема во предвид реалноста во Сирија, изјави Путин за француската телевизија.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска