-->
-->
Путин: Меркел ми испраќа пиво
-->
Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за потребите на документарниот филм „Путин“ на Андреј Кондрашов, открива дека повремено, германската канцеларка Ангела Меркел му испраќа од неговото омилено германско пиво.
Додека бил агент на КГБ во Дрезден, во 1980-те, често престојувал во локалната пивница.
- Ангела од време навреме ми испраќа по неколку шишиња од пивото Радебергер, вели Путин во интервјуто објавено на руските социјални мрежи денеска, неколку дена пред одржувањето на претседателските избори во Русија.
Во двочасовниот филм се појавуваат и други руски официјални лица, како и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер кој важи за доста близок пријател на Путин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со јужен ветер
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи