-->
-->
Путин: Ги идентификувавме лицата што ги сомничи Лондон, се работи за цивили
-->
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските безбедносни служби ги идентификувале двете лица кои Велика Британија ги посочи како одговорни за труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.Според Путин, како што јави телевизијата Русија Денес, се работи за двајца цивили, а не за руски агенти.
- Се надевам дека тие ќе контактираат со медиумите, ќе излезат и ќе раскажат се за себе, изјави Путин во Владивосток, каде учествува на Источниот економски форум.
Британската премиерка Тереза Меј и британското обвинителство ги посочија двајцата Руси, кои тие ги идентификуваа како Александар Петров и Руслан Боширов, како извршители на труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија во март во градот Солсбери близу Лондон.
Британските власти објавија фотографии од двајцата Руси, за кои рекоа дека слетале во Лондон од Москва два дена пред труењето и ги обвинија дека се руски агенти.
Повеќе држави како САД, Франција и Канада се приклучија кон британските заклучоци и побараа од Русија да престане со напади врз западните држави
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
