Путин до Руте: Меѓународниот суд е избразан и контрапродуктивен

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на холандскиот премиер Марк Руте му кажа дека основањето на меѓународниот суд за процесуирање на луѓето кои стојат зад соборувањето на малезискиот авион на летот МХ17 над Украина, ќе биде контрапродуктивно.
Путин детално го објасни рускиот став за прераната и контрапродуктивна иницијатива на голем број земји, вклјчувајќи ја и Холандија, за воспоставување на Меѓународен суд што кривично ќе ги гони поединците кои се одговорни за уништувањето на авионот на малезиската авиокомпанија, соопшти Кремљ, после телефонскиот разговор на Путин и Руте, пренесува Танјуг.
Малезија предложи нацрт резолуција на ОН со барање да се воспостави меѓународен суд што ќе ја утврди одговорноста за уривањето на авионот на летот МХ17, во јули 2014 година, на истокот од Украина, но членките на Советот за безбедност за ова барање немаат единствен став.
Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин ја отфрли нацрт резолуцијата, со образложение дека не одговора на она што навистина се случило, додавајќи дека идејата и основањето на трибуналот е небитна, се додека Холандија и натаму ја истражува несреќата.
Ново на Сител
-

Нови 100 возила за брза помош
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ декласирани во Брвеница
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
