Пукање во Куманово

Вчера во 13 и 55 часот телефонски во Полициската станица во село Матејче, 59- годишен Ш.Н од село Оризаре, пријавил дека во временскиот период додека бил на Петочна молитва во неговиот плац за градежни матријали, од страна на непознато лице од огнено оружје оштетено е ветробранското стакло од камион „Ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, кој бил паркиран во кругот на градежна фирма, лоцирана пред село Оризаре.
Од пукањето извршено е оштетување на пластичниот филтер за воздух од надворешната страна зад кабината кој го пробил стаклото зад возачкото седиште и ја оштетил предната шофершајбна од левата страна.
Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово, при што проектилот е пронајден меѓу двете седишта.
Истиот е подигнат за понатамошно постапување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Ново на Сител
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
-

Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД на 11 септември
-

Опозицијата ќе поставува прашања на премиерот и на министрите
-

Трамп: Не се каам за војната со Иран и не верувам во зборот „каење“
-

Холандски автобус со 48 лица се преврте во Швајцарија, има загинати и повредени
-

Изборите во Србија на 25 октомври ќе бидат најтешката битка во политичката кариера на националистот Вучиќ
-

Сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени
