Псаки: Белата куќа не даде „зелено светло“ Русија да ја нападне Украина
– Портпаролката на Белата куќа , Џен Псаки, изјави дека кога американскиот претседател Џо Бајден во својот говор пред два дена кажал за наводен „ситен упад“ на Русија во Украина, тој не ѝ даде „зелено светло“ на Москва да го стори тоа.
Запрашана од Си-Ен-Ен дали изјавата на Бајден на прес-конференцијата од средата значат дека САД и даваат „зелено светло“ на Русија да направи „ситен упад“ во Украина, Псаки кажа „апсолутно тоа не беше нашата намера и не е пораката што претседателот му ја испрати на претседателот Путин“, пренесе Тасс.
Според Псаки, украинското раководство ги знае позициите на американскиот претседател.
-Доколку Русите влезат во Украина, доколку воено влезат во Украина, ќе има тешки последици, рече Псаки.
Бајден во средата рече дека руски „мал упад“ во Украина може да предизвика повоздржана реакција од САД и нивните сојузници, отколку што би била реакцијата на целосна инвазија.
По оваа изјава, Белата куќа излезе со посебно соопштение во кое се наведува дека САД ќе го сметаат за инвазија секое преминување на украинската граница од страна на руските војници.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
