Првите три заложнички што ги ослободи Хамас префрлени во Израел

Изралеската војска потврди дека првите три заложнички шти го ослободи Хамас се префрлени од Газа во Израел. „Тие се дома“, објави израелската војска на социјалната мрежа Икс.
Ослободените три жени, се првите од 33-те заложници кои треба да бидат пуштени од Хамас согласно првата фаза од договорот со Израел за прекин на огнот во Појасот Газа.
Според израелските медиуми, трите ослободени заложнички се Дорон Штајнбрехер, Емили Дамари и Роми Гонен, кои поминаа речиси 500 дена во заробеништво, од нападите на 7 октомври 2023 година.
Тие во Газа беа преземни од тим на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. На објавените телевизиските снимки се гледа како се качуваат во автомобил во Газа, придружувани од вооружени борци на Хамас.
Трите жени Црвениот крст ги предаде на израелската армија во Појасот Газа, а оттаму се пренесени во воен објект во Израел во близина на границата со Газа на првичен преглед пред да бидат однесени во болница во Тел Авив, каде што треба да се сретнат со нивните семејства.
Веднаш по објавувањето на веста, на плоштадот во Тел Авив се собраа пријатели и роднини на заложниците да го прослават нивното ослободување.
Првата фаза од договорот за примирје меѓу Хамас и Израел што стапи во сила денеска, предвидува ослободување на 33 израелски заложници држени во Газа, во замена за 1,904 палестински затвореници во израелските затвори.
Договорот предвидува и повлекување на израелската армија од густо населените области на Појасот Газа.
Договорот беше објавен во средата, по повеќемесечните напори на САД, Египет и Катар да го убедат Израел да се согласи на прекин на огнот, а Хамас да ги ослободи заложниците.
Ново на Сител
-

Бугарскиот парламент го усвои законот за буџет за 2026. во прво читање, претходеше тепачка во пленарната сала
-

ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче за повторените локални избори во четири општини
-

Јаневска: За забрзување на напредокот, во 2026 рекордни вложувања во науката
-

Новиот план за просторно планирање на државата во нацрт-верзија, ќе важи до 2040 година
-

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
-

Сиљановска - Давкова: Во 2026 година очекувам создавање поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
