Првиот „Киненова Филм Фест Скопје“ од 5 до 9 октомври

Првиот Меѓународен филмски фестивал „Киненова Филм Фест Скопје“, во чиј фокус е творештвото на филмски автори од целиот свет, кои се на почеток на кариерата, ќе се одржува од утре до деветти октомври годинава во Скопје. Проекциите ќе се одржуваат на две локации, во Кино Култура и Кинотека на Македонија.
Идејата за формирање на „Киненова 2016“ доаѓа од режисерот, сценарист и продуцент Небојша Јовановиќ, кој е директор на фестивалот. Тој на денешната прес-конференција информира дека е потребно Македонија и Скопје да имаат добар меѓународен настан каде ќе се гледаат дебитантски филмови на идните филмски големи имиња во светот.
Јовановиќ информира дека петчленото жири на фестивалот го сочинуваат: Разван Радулеску, Мира Фурлан, Галина Тонева, Мето Јовановски и Марио Мацарото. Јовановиќ вели дека направиле солидна програма и очекуваат успешен фестивал.
На „Киненова Филм Фест Скопје“ има две натпреварувачки програми: главна (официјална) програма и селекција на кратки филмови. Во главната програма на фестивалот ќе бидат прикажани филмовите „Слава“, „Длабочини 2“, „Фаќање“, „Прекин“, „Два лоза“, „Бафало“, „Џонатан“...
Во ревијалниот дел на фестивалот се предвидени Панорама на светски филм, Балкански преглед и Прв и последен филм на истакнат филмски автор, каде ќе бидат прикажани филмови од Корнелиу Порумбоју од Романија.
Новинарката и филмски критичар, Марина Костова, која е програмски директор на фестивалот, истакна дека е задоволна од програмата и од жирото.
- Ако треба да изберам еден збор за да го опишам фестивалот, особено главната селекција, тоа ќе биде зборот капсула оти доаѓа нешто многу концентрирано, како мисла, идеја, промисла во еден краток период, но многу интензивно, значајно и доста богато, рече Костова. Додаде дека премиерно на фестивалот ќе биде прикажан и македонскиот документарец „Валентина“.
Во рамки на фестивалот, ќе се одржат филмска работилница и мастер клас.
Ново на Сител
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
