Првични резултати од руската инспекција на македонски оператори со храна

Во Агенцијата за храна и ветеринарство денеска ќе бидат презентирани состојбите од првата инспекциска контрола, којашто ја спроведува стручен тим на Руската федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор„Россељхознадзор" над македонски оператори со храна од животинско потекло кои сакаат да извезуваат на рускиот пазар.
Рускиот стручен тим треба да изврши надзор над 12 наши производни капацитети од млечната и месната индустрија, на кои доколку оцени дека ги задоволуваат бараните стандарди, ќе им овозможи да стекнат дозвола за извоз во Руската Федерација.
Според Македонско-руската стопанска комора, контролата ќе се спроведува во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) согласно Меморандумот за соработка потпишан на 4-ти јуни годинава во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а ќе трае заклучно со 23-ти јули.
Од Комората оценуваат дека официјалната посета на делегација на „Россељхознадзор" и нивното директно запознавање со капацитетите во месната и млечна индустрија во Република Македонија е од исклучително значење за почнување извоз во овие гранки, како и шанса за зголемување на вкупниот извоз македонски производи во Руската Федерација што ќе резулира со зголемување на финансиските резултати.
Ново на Сител
-

Koшта ги пофали реформите, но порача дека уставните измени се единствен начин за започнување на преговорите
-

Со законски измени ќе се бришат невработените, кои работат на црно
-

Тема на денот со Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и потписник на Преспанскиот договор
-

Кошта во Скопје
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
