Први судири меѓу владините сили и арапско-курдската коалиција во Сирија
Првпат од почетокот на конфликтот во Сирија дојде до судири меѓу сириската армија и припадници на арапско-курдскиот бунтовничи блок Сириски демократски сили (СДФ), кои се поддржани од коалицијата предводена од САД, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Борбите започнале во сириската провинција Рака, во две села што се наоѓаат на речиси 40 километри од градот Рака, кратко време откако синоќа американски воен авион од меѓународната коалиција што се бори против Исламската држава (ИД), собори бомбардер од типот Су-22 на сириското Воено воздухопловство, при што исчезна пилотот.
- Воената авијација на меѓународната коалиција синоќа нанесе удар врз еден од нашите воени авиони во регионот Ресафа, во јужниот дел на Рака, додека тој ја исполнуваше мисиија против ИД, стои во соопштението на сириската војска.
САД потврдија дека американски воен авион синоќа соборил сириски бомбардер, што бомбардирал позициите на силите поддржан од меѓународната коалиција.
Централната команда на САД наведе во соопштение дека сирискиот воен авион бил соборен при „колективна самоодбрана на војската на коалицијата и нејзините партнери“ од Сириските демократски сили.
- Прв пат се водат вистински борби меѓу војската на режимот и арапско-курдските сили во Сирија, изјави директорот на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, Рами Абдел Рахман.
Сириската војска вчера стигна до границите на зоните што се под контрола на силите поддржани од коалицијата предводена од САД во северниот и јужниот дел на Сирија.
Ново на Сител
-
Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен
-
Почина Камерунецот Кунде
-
ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови
-
Москва „генерално задоволна“ од преговорите во Истанбул, договорена размена на илјада воени затвореници
-
Вучиќ: Во Тирана разговарано за инфраструктурните проекти, изградбата на гасовод меѓу Србија и Северна Македонија
-
Крадел на градилиште и откако чуварот го затекнал, го претепал и се заканил дека ќе го убие
-
Мицкоски: Историски ден за Македонија
-
21-годишник од Скопје поседувал средства за фалсификување и неовластено влегувал во компјутерски системи | ФОТО