Прва седница на новиот парламент во Техеран по смртта на претседателот на Иран
Новиот ирански денеска за првпат се состана во Техеран, неколку дена по смртоносната хеликоптерска несреќа во која загинаа претседателот и министерот за надворешни работи на земјата.
Државното радио јави дека пратениците во Исламското консултативно собрание ја отвориле првата седница од законодавниот период со цитати од Куранот.
Во наредните денови треба да се избере нов собраниски спикер.
Актуелниот претседател Мохамад Багер Галибаф се кандидира за реизбор против верскиот конзервативец Мојтаба Зонур и поранешниот министер за надворешни работи Манучер Мотаки.
Како што јави ДПА, изборите во Иран не се сметаат за слободни ниту за фер, бидејќи Советот на чувари на земјата, надзорно тело на исламски свештеници и адвокати, мора да ги одобри сите кандидати пред да можат да се кандидираат.
Изборите се одржаа во два круга во март и мај во услови на историски низок одѕив од околу 40 проценти.
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан загинаа во хеликоптерска несреќа во близина на границата со Азербејџан пред повеќе од една недела.
Државната новинска агенција ИРНА соопшти дека повеќе од три милиони луѓе присуствувале на погребот на Раиси во североисточниот град Машхад во четвртокот по неколкудневна национална жалост.
Ново на Сител
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
-
Американски доктори бараат хлорокинот и ивермектинот да се купуваат без рецепт
-
Скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија уапсен во Тирана
-
Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети
-
Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра
-
Пред куќата на убиствата во Прилеп полицијата имала престрелка со убиецот
-
Лишени од слобода возачи во Тетово и Гостивар, управувале возила под дејство на алкохол