Прв академски час за подофицерите кандидати за офицери

По повеќе од осум години денеска на Воената академија „Михајло Апостолски“ во касарната „Гоце Делчев“ се одржа првиот академски час на подофицерите и професионалните војници кандидати за произведување во офицери.
Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски, во своето обраќање пред кандидатите за офицери порача дека образованието и обуката на кадрите во АРМ се од исклучително значење и се главни приоритети на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ.
- Без добро обучени и без добро образовани кадри ниту една институција не може да има напредок вклучувајќи ја и АРМ и Министерството за одбрана. Со знаењето што на Академијата ќе ви го пренесат професорите ќе станете посилни лидери коишто ќе ја водат Армијата на Република Македонија, истакна Јолевски.
Нагласи дека Министерсвото за одбрана дава посебно значење на едукацијата и обуките во АРМ и дека Воената академија е доказ за тоа. Според Јолевски, Министерсвото и понатаму ќе продолжи да дава поддршка на образованието на припадниците на Армијата.
Деканот на Воената академија Орце Поповски потсети дека пред осум години академијата со шест професори го почна првиот циклус на студии, а подоцна се реализирале и курсеви за командири на чети и штабни офицери.
- Со акредитација на вториот циклус на студии, магистратура и специјализација за командни штабни должности во АРМ, денеска на Воената академија го започнуваме третиот модул од процесот на едукација на кандидатите за офицери за потребите на лигистичките специјалности и другите служби на Министерството за одбрана и АРМ. Со тоа ние денеска ја вградуваме последната коцка во мозаикот наречен Воена академија, рече Поповски.
Подофицерите и професионалните војници по завршувањето на тримесечниот курс ќе станат офицери во соодветната струка - правна, интендантска, техничка, финансиска, музичка и сообраќајна.
Ново на Сител
-

Дедо го истепал внукот во Крива Паланка, потоа бил нападнат од сопствениот син
-

Мајка во банка во Центар агресивно се однесувала кон својата 22-годишна ќерка
-

67-годишен охриѓанец починал на лице место откако паднал со мопед
-

Нова вонредна дератизација во понеделник во општина Центар
-

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“
-

ТАВ ја укина одлуката за ограничување од еден бесплатен влез по возило во 24 часа на Скопскиот аеродром
-

„Skopje Pride“ утре ќе протестира пред Амбасадата на Турција за поддршка на своите соборци во Турција
-

11 недели по формирањето, распуштена единицата за дрога во Куманово поради немање резултати
