Прскање против комарци во Охрид и Дебарца

Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство утре ќе врши авионско запрашување против комарци на територијата на општина Охрид.
Општина Охрид и Центарот за јавно здравје информираат дека запрашувањето ќе се реализира од 5 до 8:30 часот на охридска територија, од селото Подмоље до Свети Наум на површина од 1.500 хектари. Препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Поради наезда од бели пеперутки, Центарот за јавно здравје најави дека од вечерва до недела ќе се врши дезинсекција. Според директорот на Центарот Атанаско Михаилов, се работи за прскање од земја против комарци и пеперутки. Прскањето ќе се врши со амортизер со подвижно возило и со моторни пумпи.
Екипа на Центарот за јавно здравје - Охрид вечер ќе спроведе теристичка (земјена) дезинсекција за уништување на комарците и на територијата на општина Дебарца во период од 20:30 до 6 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на општината, подрачјето на реката Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Поради авиозапрашувањето и земјеното прскање општините Охрид и Дебарца ги известуваат пчеларите да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
