Протести во Шпанија против спогодбата меѓу ЕУ и Турција за мигрантите

Околу 5.000 лица синоќа се собраа на протест во центарот на Мадрид против спогодбата меѓу Европската унија и Турција за ограничување на приливот на мигранти, пренесе ТАСС.
„ЕУ е нечовечна кон бегалците“, пишуваше на еден транспарент што учесниците на протестот го кренаа на плоштадот „Пуерта дел Сол“ во шпанската престолнина. Тие скандираа пароли за поддршка на мигрантите.
Слични митинзи се одржаа во уште околу 50 шпански града, меѓу кои Барселона и Валенсија.
Шефовите на држави или Влади од ЕУ се собираат денеска во Брисел за да ја разгледаат предлог спогодбата со Турција. Утре нив ќе им се приклучи и турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Шпанскиот весник „Мундо“, цитиран од ТАСС, пишува дека на средбата на врвот на ЕУ шпанскиот в.д премиер Маријано Рахој ќе се изјасни против колективното враќање на мигрантите во Турција, бидејќи тоа е во спротивност со меѓународното право.
Ново на Сител
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
-

Презентирана Стратегијата за развој на ЗОО Скопје: Фокус на едукација, заштита и хуман третман на животните
-

Седлоски нов селектор на македонската А-репрезентација
-

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство
-

МЗШВ: Европската комисија нема суспендирано средства од ИПАРД III програмата
-

Мицкоски: Владата не е против зголемување на минималната плата, но, тоа мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите
