Протестен марш во Гевгелија за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“

Во Гевгелија попладнево се одржа мирен протестен марш со кој граѓани изразија поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“. Повикаа на единство меѓу политичките партии и на заштита на унитарноста на државата.
- Ги повикуваме сите патриоти во Република Македонија и македонската дијаспора независно од етничката, верската и партиската припадност на семакедонско помирување и обединување за одбрана на унитарноста на државата, името и идентитетот на нацијата и од сите бараме почитување на Уставот и законите, рече Ванчо Лазаревски од Граѓанската иницијатива.
Учесниците на маршот се против, како што рекоа, формирање паралелни институции на власта зашто сметаат дека малцинските етнички заедници во Македонија ги имаат највисоките стандарди на малцински права и слободи во Европа и светот. Тие бараат доследна примена на законот на знамињата на целата територија на Република Македонија и задолжително изучување на македонскиот јазик.
- Нашите црвени линии се дефинирани и се на крај со отстапките. Немаме што повеќе да изгубиме бидејќи немаме резервна татковина. Остро го осудуваме влепредавството на Заев и врхушката на СДСМ и бараме Јавното обвинителство да ги процесуира доказите за велепредавство кон Република Македонија, истакна Лазаревски.
Мирниот протестен марш тргна од пред споменикот на илинденецот Сава Михајлов во центарот на Гевгелија, а заврши на градското шеталиште.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
