Протест на студенти во Барселона со барање за прогласување независност на Каталонија

Илјадници студенти денеска се собраа во Барселона на протести на кои повикаа за прогласување независна република Каталонија.
Тие изразуваат и протест поради намерата на шпанската Влада да ја стави под своја контрола автономната област. Демонстрантите продефилираа низ централните улици на каталонскиот главен град со црвени цвеќиња во рака и знамиња на каталонската независност околу вратот.
- Не можете да затворите цел народ. Не за франковска репресија, беше наведено на транспаренти. Студентите скандираа – Окупациски сили надвор!
Движењето Универзитет за републиката, и студентскиот сиундикат повикаа за ден на штрајк во универзитетите на четириоте најголеми каталонски градови – Барселона, Жирона, Леида и Тарагона во знак на протест поради активирањето на Членот 155 од Уставот со кој се укинува автономијата на областа.
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
