Протест на македонските работници ангажирани на автопатот Охрид - Кичево

Група од 144 работници од Македонија ангажирани од фирма-подизведувач за извршување градежни работи на автопатот Охрид-Кичево денеска протестираа поради, како што рекоа, низа неправилности кон нив како доцнење во исплатата на личните доходи и непридржување на работодавците кон потпишаните договорите за работа.
- Веќе доцни исплатата на платите за речиси два месеца. Честопати работодавецот ни закинува по 50, сто евра од договорените плати, без какво било образложение, без да ги знаеме причините за тоа, дали има некои грешки во нашето работење, рече Адем Мисоски од Струга.
Работниците се пожалија дека воопшто не знаат каде да се обратат за своите проблеми, забележувајќи дека никој не води грижа за нивна заштита согласно одредбите на потпишаните договорите.
- Каде е тука трудовата инспекција, ние не знаеме каде да провериме ни дали ни се уплатени и продонесите за пензиско и здравствено осигурување, рече Мисоски.
Васо Апостолоски од Кичево рече дека прво им било ветено дека на 16 јуни ќе им бидат исплатени заоцнетите плати, потоа на 21, за последниот рок да им е посочен 23 овој месец.
Тие најавија дека ќе продолжат со штрајкот се додека не им бидат исплатени сите заостанати приходи, притоа барајќи од СВр – Охрид да им обезбеди услови за штрајк со блокирање на сообрачајот на магистралниот патен правец Охрид – Кичево.
Ново на Сител
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
