Протекоа деталите од предбрачниот договор на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер
Германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер (31) и неговата три години помлада сопруга, тенисерката Aна Ивановиќ пред свадбата потпишале договор, според кој секој од нив го задржува имотот стекнат пред бракот.
Ова е дел од предбрачниот договор меѓу Швајнштајгер и Ивановиќ, чии детали ги објавија германските медиуми.
Со тоа српската тенисерка се осигурала да не остане без наводните десет милиони евра на нејзината сметка, додека фудбалерот поголемиот дел од својата заработувачка ја вложил во недвижнини.
- Се е до детали разработено во договорот со повеќе од десет страници. Ана има доживотен договор со Адидас, според кој ќе заработи повеќе од сто милиони евра, а и тоа е заштитетно со овој договор, изјави за германските медиуми пријател на двојката.
Ново на Сител
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани