Проруските сепартисти подготвени за повлекување на оружјето со мал калибар

Поруските сепаратисти од Донбас соопштија дека се подготвени да започнат процес на повлекување и на оружјето со помал калибар од линијата на фронтот со источна Украина.
Според Договорот од Минск, склучен во февруари годинава, украинските сили и проруските сепаратисити требаше уште во првата фаза да го повлечат тешкото оружје од линијата на фронтот и да создадат тампон зона, но и покрај тоа во реонот има чести прекршувања на примирјето и престрелки.
Лидерот на сепаратистите од Доњецк, Александар Захарченко соопшти дека неговите боци се подготвени да ги повлечат своите тенкови и артилериски орудија со калибар помал од 100 милиметри на три километри од линијата на фронтот, со исклучок на, како што рече, реоните на „проблематичните зони“.
Според него, на ваков потег се подготвени и сепаратисите во Луганск.
Во меѓу време, доњецките сепаратисти соопштија дека еден жител на Доњецк загинал, а тројца други се ранети, при артилериски напад на укаринските сили врз центарот на градот.
Според локалните медиуми, загинатиот работел како чувар на едно градилиште.
Сепаратистите тврдат дека украинските сили го извршиле нападот со топ со калибар од 152 милиметри, како и дека во изминатите 24 часа 44 пати го прекршиле примирјето.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
