Пронајдено телото на работникот од Кавадарци кој беше пријавен за исчезнат
Во десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“, во близина на кочанското село Бања, доцна попладнево е пронајдено безживотното тело на 27-годишниот Р.А. од Кавадарци, кој вчера беше пријавен дека е исчезнат.
-Полициски службеници во соработка со вработени од водостопанската подружница „Брегалница“ и од Територијалната противпожарна единица попладнево околу 19 часот го најдоа телото на исчезнатото лице кај еден од испустите за вода во близина на црквата во Бања. По наше барање претходно беше намален водостојот во каналот, со што потрагата беше олеснета. Лицето паднало во каналот за наводнување кај селото Тркање додека работело на инсталација на фотоволтаична централа за електрична енергија, по што негов колега случајот го пријавил во Полициската станица, изјави Александар Максимов, началник на Одделението за внатрешни работи од Кочани.
Увид на местото на настанот прават полициски екипи, а повикан е и јавен обвинител од Кочани кој треба да одреди дали ќе се врши обдукција врз телото на починатиот.
Ново на Сител
-
СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата
-
Клоп: Нуњез не смее да паѓа на провокации
-
ВМРО-ДПМНЕ: Уставни измени веднаш во Собрание или оставка и избори
-
150 санкционирани возачи во Скопје, 21 без возачка
-
Во завршна фаза новиот закон за помилување, Претседателот ќе може да помилува само за казна
-
Паѓа бројот на новозаразени од Ковид-19
-
Американското Министерство се спротивстави на објавување документ со причините за претресот на имот на Трамп
-
Кина санкционира седум тајвански високи претставници