Пронајдено телото на работникот од Кавадарци кој беше пријавен за исчезнат
Во десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“, во близина на кочанското село Бања, доцна попладнево е пронајдено безживотното тело на 27-годишниот Р.А. од Кавадарци, кој вчера беше пријавен дека е исчезнат.
-Полициски службеници во соработка со вработени од водостопанската подружница „Брегалница“ и од Територијалната противпожарна единица попладнево околу 19 часот го најдоа телото на исчезнатото лице кај еден од испустите за вода во близина на црквата во Бања. По наше барање претходно беше намален водостојот во каналот, со што потрагата беше олеснета. Лицето паднало во каналот за наводнување кај селото Тркање додека работело на инсталација на фотоволтаична централа за електрична енергија, по што негов колега случајот го пријавил во Полициската станица, изјави Александар Максимов, началник на Одделението за внатрешни работи од Кочани.
Увид на местото на настанот прават полициски екипи, а повикан е и јавен обвинител од Кочани кој треба да одреди дали ќе се врши обдукција врз телото на починатиот.
Ново на Сител
-
За власта нема ништо спорно – опозицијата обвинува за цензура во учебниците
-
Тема на денот со профeсор Драги Ѓоргиев, копретседател на историската комисија
-
Веспрем прв учесник на фајнал-форот во СЕХА лигата
-
Историската комисија објави што договорила, зошто ќе се слават заеднички пет личности?
-
Првични реакции на одлуката на историската комисија
-
Правда ќе забрани употреба на имиња на контроверзни личности при регистрација на здруженија
-
Македонија имала три одлуки за донација на воена опрема за Украина, тенковите се една од нив
-
Може ли случајот од Црна Гора да биде лекција за потреба од превенција?