-->
-->
Пронајдено оружје и муниција во куќа во Велес
-->
Полицијата изврши претрес во семејна куќа во Велес, пронајде оружје и муниција. Како што информираат од полицијата, во четвртокот во периодот од 07.00 часот до 08.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во куќа на улица „Киро Рогужаров“ во Велес, која ја користи лицето Б.К.(69) од Велес. При претресот биле пронајдени и одземени пиштол „Pietro Beretta“ калибар 7,69 мм, една рамка за пиштол со осум куршуми калибар 7.69 мм, пиштол непозната марка со дрвена рачка, една рамка за пиштол со седум куршуми калибар 7,65 мм и една кутија со 17 куршуми калибар 7,65 мм.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
