Македонија
2. December 2023 - 12:49

Пронајдени 45 шишенца со метадон кај патник во автобус кој возел од Скопје до Битола

На 01.12.2023 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го привеле О.Т.(53) од Прилеп.

При преглед на автобус со битолски регистарски ознаки, кој сообраќал на релација Скопје – Битола, со кој патувал О.Т., во неговата торба биле пронајдени 45 шишенца со метадон.

По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, соопштија од МВР во дневниот билтен.