Пронајдени 30-тина гранати од Првата светска војна во селото Богородица
Во гевгелиското село Богородица пронајдени се триесетина неексплодирани артилериски гранати при расчистување на дворно место за градење на семејна куќа.
Гранатите се со калибар од 82 сантиметри и според првичните порценки потекнуваа од Првата светска војна.
Откако случајот е пријавен во полиција, на терен е испратен Ефтим Митров од Дирекцијата за заштита и спасување, според кого гранатите се уште се активни.
Се претпоставува дека ги има многу повеќе затоа што на тоа место имало полски магацин и нивната конечна бројка ќе се знае кога ќе заврши целосното истражување на местото.
- На само половина метар над гранатите некогаш имало варџилница и вистинска среќа е како не дошло до експлозија од која последиците би биле катастрофални за селото, изјави Митров.
Откако ќе заврши отстранувањето на сите гранати од местото кое се истражува, ќе бидат уништени, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево