Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење
Спасувачките екипи денеска во рудникот за јаглен во Велење пронајдоа и трето тело на рудар, со што бројот на жртвите во несреќата што се случи пред два дена се искачи на три.
Несреќата се случила во понеделникот вечерта, кога мокра глина пробила во рудникот, а првата жртва била пронајдена истиот ден, додека вториот рудар е пронајден рано денеска.
– Втората жртва, која утрово беше пронајдена мртва, веќе е пренесена од јамата. Третата жртва се уште не сме успеале целосно да ја откопаме, изјави Марко Мавец, директорот на рудникот Велење, пренесе словенечката агенција СТА.
Мавец истакна дека рудникот Велење е еден од најбезбедните рудници во светот, без сериозни несреќи во последните 22 години.
– Природата е неумолива, а рударството е опасно, рече тој, додавајќи дека семејствата на жртвите ќе добијат паричен надомест.
Рудникот Велење во наредните денови ќе одржи комеморација во спомен на загинатите рудари.
Ново на Сител
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто
-
Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
-
Напади со дронови меѓу Русија и Украина во текот на ноќта
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците
-
Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето
-
На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Покрената истрага за поранешниот специјален обвинител кој водеше два случаи против Доналд Трамп