Македонија
31. March 2024 - 19:01

Пронајдена девојката од Албанија што беше пријавена за исчезната

Студентката на Економскиот факултет во Скопје, Енкеледа Чела, државјанка на Албанија, која беше пријавена за исчезната, е пронајдена во близина на хотелот „Белви“ и е во добра здравствена состојба, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

- Во врска со настанот што ја вознемири јавноста, а се однесува на исчезнувањето на лицето Е. Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба, објави на Фејсбук“ министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски.

Полициски службеници од СВР Скопје ќе извршат разговор со девојката во врска со причините за исчезнувањето.                          

Девојката беше пријавена за исчезната вчера во 10:30 часот во Полициското одделение Петровец.