Промовирана книга за гимнастиката во Кочани

Во издание на општина Кочани од печат излезе книгата „Гимнастиката во Кочани“ во која на 200 страници е одбележана историјата на Кочанската гимнастика од 1910 до 2016 година. Автори на ова публицистичко издание се Горги Тодосиев и Илинка Атанасова и двајцата од Кочани.
Публикацијата пред голем број спортски работници, поранешни и сегашни гимнастичари на ДТВ „Партизан“ од Кочани ја промовираше спортскиот новинар Миодраг Мицковиќ.
- Во својата богата 50-годишна новинарска кариера одамна не сум прочитал една спортска книга за историјата на еден спорт во еден навистина спортски град како што е Кочани. Читателите на оваа книга ќе се запознаат со спортската и културната историја на овој град, што во времето пред и по војната ја имала Соколаната, соколското друштво и подоцна гимнастичкото друштво „Партизан“, истакна во своето обраќање новинарот Мицковиќ.
На 200 страници со над 100-тина фотографии, низ документи и исечоци од весници авторите Горги Тодосиев и Илинка Атанасова успеале низ макотрпна истражувачка работа да ја истражат и запишат историјата на гимнастичкиот спорт во градот Кочани почнувајки од 1910 година па до денес.
Ново на Сител
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
-

Преглед на вестите од светот
