Промоција на стрип-албумот „Бесмртните“ од Диме Иванов-Димано

Издавачката куќа „Стрип Квадрат“ вечер во „Кафе Ли“ ќе го промовира новиот стрип-албум од Диме Иванов-Димано, насловен „Бесмртните“. Во стрип-албумот на 160 страници се обработени повеќе приказни од Илинденскиот период.
- Самиот наслов, „Бесмртните“, ја дава димензијата на овие приказни, секоја од нив обвиткана со непокор и херојство, којшто бил општопознат за македонскиот народ од Илинденскиот период, кој стремел за ослободување од Отоманската Империја. Па така, овде ги има стрип приказните за „Војшана“, според која е именувано селото Војшанци, потоа „Доброволно во смрт“, во кој е обработена сторијата за Солунските атентатори, како и повеќе други стрип приказни за Питу Гули, Веле Марков, Методи Патчев, Леонид Јанков итн..., соопшти издавачот.
Диме Иванов-Димано е меѓу најплодните автори на македонскиот стрип, со повеќе од 800 објавени стрип табли и стрипови објавувани во Македонија и на просторите на поранешна Југославија. Најпознати стрипови му се „Војдан“, исто така во издание на „Стрип Квадрат“, потоа „Итар Пејо“, „Александар Македонски“...

Неговите стрип табли се изложувани на голем број изложби во Македонија и на Балканот, а неколку негови табли беа изложени и во Брисел на светската стрип изложба по повод 70-годишнината од Втората светска војна. Покрај со стрип, долго време тој се занимава и со илустрација и објавува во сите позначајни изданија за деца.
Ново на Сител
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Трамп размислува за ограничени напади врз Иран
-

Полицијата во Њујорк застрела жена која претходно со ножеви нападнала две лица на „Тајмс сквер“
-

Русинот осомничен за тројно убиство во Црна Гора по кратка престрелка со полицијата се самоуби
