Промоција на програмата „Европски корпус на солидарноста“
Програмата „Европски корпус на солидарноста“ денеска ќе биде промовирана на конференција што ќе се одржи во ЕУ Инфоцентарот.
Конференцијата е во организација на Министерството за образование и наука, Владата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Најавено е да се обратат вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за образование и наука Арбер Адеми и директорката на Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова.
На конференцијата ќе бидат презентирани успешни прoекти и приказни, како на Специјално училиште „Златен Сремец“ кое е добитник на проект во рамки на програмата „Европски корпус на солидарност“ и на Дарио Каролија – волонтер од „Европски корпус на солидарност“.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори