Промоција на нов електронски дневник за работа на училиштата

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ќе промовира нов Информациски систем за управување со образованието, кој вклучува и нов електронски дневник.
Новото софтверско решение треба да ги надмине предизвиците со кои наставниците, администраторите, родителите/старателите и самите ученици ги посочувале во изминатиот период, бидејќи, како што информираше неодамна МОН, сите нивни сугестии се земени предвид во процесот на креирање на системот.
На промоцијата ќе се обрати новата министерка за образование и наука Весна Јаневска.
Новиот систем е изработен со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија и официјално ќе се примени во текот на новата учебна 2024-2025 година, откако ќе го помине тест периодот во неколку основни и средни училишта.
Откако целосно ќе заврши фазата на тестирање, ќе следи процес на мигрирање на податоци од сегашниот во новиот електронски дневник, но и внесување на дополнителни податоци во софтверот од страна на училиштата. Предвидено е да се организираат обуки за користење за сите наставници.
Ново на Сител
-

Иран го нападна Израел со една од најнапредните балистички ракети
-

Патници од Скопје и Куманово се вратиле од Африка заразени со маларија
-

Собранието ќе избира нов државен јавен обвинител
-

Без струја дел од Сопиште, а без вода неколку улици во Центар
-

Променливо облачно и посвежо време
-

Сообраќајот без застои по влажни коловози
-

Макрон: Франција нема да учествува во воени операции во Ормуската теснина
-

„Кир не е Винстон Черчил“: Трамп разочаран од британската воена поддршка против Иран
