Промоција на книгата „Молитва за прошка“ на Јелена Бачиќ -Aлимпиќ

Српската писателка Јелена Бачиќ -Алимпиќ денеска ќе биде гостинка на „Клуб Матица“ и ќе ја промовира книгата „Молитва за прошка“. Таа е последна од трилогијата „Казна за гревот“ во која претходно беа објавени романите „Ноќта кога дојдоа сватовите“ и „Книга на спомените“.
„Молитва за прошка“ е роман за пресудните години, за занемените вистини, лагите и гревовите и за љубовта како последно засолниште, информира „Матица“.
- Многу сум возбудена и среќна поради издавањето на „Молитва за прошка“, третата книга од трилогијата „Казна за гревот“, затоа што со неа заокружувам една обемна и повеќеслојна приказна, а со тоа и деветмесечна исцрпувачка работа. Одвај ја чекам реакцијата на читателите. Сe надевам дека нема да ги изневерам, и дека крајот на трилогијата ќе ги исполни нивните очекувања, изјави Бачиќ-Алимпиќ.
Ново на Сител
-

Тројца загинати, две исчезнати и седуммина повредени во пожар во фабрика во грчкиот град Трикала
-

Обама: Убиството на Прети е повик за будење за секој Американец
-

Германија против Данска во дербито на денот на ЕХФ Еуро 2026
-

Најмалку седум лица загинаа во зимската бура што ги погоди САД
-

Хрватска државјанка осомничена за семејно насилство во Кавадарци
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Исланд со осум голови разлика ѝ го нанесе првиот пораз на Шведска
-

Наполи убедливо поразен од Јувентус, Елмас одигра 70 минути
